Британската влада соопшти дека денеска почнала со евакуација на своите граѓани од Судан, откако завојуваните страни се согласиле на 72-часовен прекин на огнот.
Loading...
Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли твитна дека воените летови ќе поаѓаат од аеродромот надвор од Картум и ќе бидат отворени за оние кои имаат британски пасоши.
Приоритет ќе имаат семејните групи со деца, стари лица и лица со здравствени проблеми, рече Клеверли.
Клеверли нагласи дека британските граѓани не треба да одат на аеродромот доколку не се поканети и предупреди дека ситуацијата во Судан останува нестабилна, пренесе Ројтерс.
Британските дипломати го напуштија Судан порано.