Британија: Сунак ја реконструираше владата и воведе четири нови министерства

Сподели со своите пријатели

Британскиот премиер Риши Сунак денеска ја реконструираше владата и воведе четири нови министерства.

Loading...

Сунак го создаде Министерството за енергетска безбедност, потоа Министерството за наука, иновации и технологија, разделувајќи го големото министерство за да му помогне, како што рече, да ги постигне своите планови за преполовување на инфлацијата и обезбедување економски раст, објави Ројтерс.

Сунак го назначи Грант Шапс за нов министер за енергетска безбедност, а Кеми Баденоч за министер за бизнис и трговија.

Мишел Донелан е новиот министер за наука, иновации и технологија, додека Луси Фрејзер е министер за култура, медиуми и спорт.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Забраната за мобилни телефони ја подобрила концентрацијата кај учениците, тврди холандската влада

Сунак го назначи Грег Хендс за нов претседател на Конзервативната партија, откако го собори Надим Захави од функцијата, откако истрагата покажа дека тој не поднел данок во вредност од 4,8 милиони фунти.