Британија: Русите за прв пат по долго време напредуваат на север

Сподели со своите пријатели

Британското Министерство за одбрана објави нов извештај од своето разузнавање за ситуацијата во Украина.

Loading...

Новиот извештај вели дека руските сили постигнале „мал напредок“ околу североисточниот град Харков за прв пат по неколку недели.

Разузнавачите посочуваат дека руските сили сè уште се главно фокусирани на освојувањето на Северодонецк во источна Украина.

„Проценуваме дека Русија ќе ги зголеми трошоците за армијата за 600-700 милијарди рубљи, што е зголемување за околу 20% на рускиот одбранбен буџет“, се наведува.

„Зголемените трошоци за војската и овозможуваат на воената индустрија полека да се мобилизира за да ги исполни барањата на војната во Украина“, се вели во извештајот.