Британија: Русите распоредуваат дополнителни сили во источна Украина

Сподели со своите пријатели

Британското Министерство за одбрана утрово ги објави најновите информации од теренот во Украина.

Loading...

Се вели дека Русија распоредила 22 баталјонски тактички групи во близина на Изум во обид да напредува по северната оска на Донбас.

„Русија многу веројатно има намера да продолжи надвор од Изум за да ги окупира градовите Краматорск и Северодонецк. Ова ќе ја зајакне руската воена контрола над североисточниот Донбас“, се вели во соопштението на Министерството.