Британија: Русија го контролира поголемиот дел од Северодонецк

Сподели со своите пријатели

Русија го контролира поголемиот дел од Северодонецк, по еден месец интензивни борби кои предизвикаа „голема колатерална штета“ во стратешки важен град во источна Украина, соопшти британското Министерство за одбрана.

Loading...

Во својот најнов извештај денеска, Министерството истакна дека е малку веројатно Русија да очекува таков „силен отпор“ или „исцрпувачки конфликт“, пренесува Би-Би-Си.

Британското министерство укажа и на проблемите на „неколку стотици цивили“ кои заедно со украинските војници се кријат во подземните бункери на хемиската фабрика Азот.

Русија денеска соопшти дека ќе овозможи безбедно евакуација на цивилите и побара од украинските војници да го положат оружјето и да се предадат, јави Би-Би-Си.