Британија: Русија го држи најголемиот дел од Северодонецк

Сподели со своите пријатели

Русија ја презеде контролата врз најголемиот дел од украинскиот индустриски град Северодонецк, соопшти денеска британското Министерство за одбрана.

Loading...

Според проценките на Министерството, украинските сили задржале контрола врз локациите на речните премини меѓу Северодонецк и соседниот град Лисичанск, како и над градот Лиман, пренесува Ројтерс.

Според соопштението на Министерството на Твитер, украинските сили уништиле мостови на двете локации.

Гувернерот на Луганската област Сергеј Гајдаи вчера изјави дека руските сили контролираат околу 70 отсто од Северодонецк, стратешки важен град во источна Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руски војници маскирани како Украинци нападнаа клучен град