Министерството за одбрана на Обединетото Кралство утринава соопшти дека руските сили продолжуваат да прават „ограничен напредок“ во напредувањето кон Киев – но би можеле да се подготват за нов напад врз главниот град на Украина во наредните денови.
„Малку е веројатно дека Русија успешно ги постигнала целите поставени во нејзиниот план пред инвазијата“, се вели во известувањето на Министерството за разузнавање.
Нови снимки од воздух: Се размести големиот руски воен конвој
Логистичките проблеми кои го попречија напредокот на Русија продолжуваат, како и силниот украински отпор, велат тие.
Тие додадоа дека Русија веројатно сака да ги ресетира и прераспореди своите сили за повторна офанзивна активност во наредните денови.
Тоа веројатно ќе вклучува операции против главниот град Киев, се наведува.
Новите сателитски снимки направени во четвртокот покажуваат дека рускиот воен конвој северозападно од Киев, кој се протегал на повеќе од 64 километри, „во голема мера се распрснал и прераспоредил“, вели Maxar Technologies.