Британската национална здравствена служба (NHS) подготви планови за започнување на вакцинација на деца на возраст од 12 до 15 години, од првата недела кога ќе се вратат на училиште, пренесува The Telegraph.
Здравствените власти велат дека на децата нема да им треба согласност од родителите за да се вакцинираат во рамките на програмата за вакцинација на училиштето, се додава во извештајот.
На комисиите на NHS им било кажано дека се подготвуваат за „можно воведување програма за вакцинација за здрави деца на возраст од 12 до 15 години од 6 септември“, пишува весникот, повикувајќи се на е – пошта испратена од регионалните канцеларии на NHS во Англија.
Министерството за здравство соопшти дека одлуката за воведување вакцина за деца на возраст од 12 до 15 години сѐ не е донесена.