Британија планира укинување на карантинот за вакцинираните

Сподели со своите пријатели

Велика Британија планира да го укине карантинот за целосно вакцинирани лица кои доаѓаат од други земји во наредните недели, потврди министерот за транспорт Грант Шапс, најавувајќи промена на правилата за британските жители кои добиле две дози.

„Ние сакаме да им го овозможиме на луѓето и активно работиме на тоа. Во следните неколку недели, ќе можеме да кажеме нешто повеќе за другите места во светот каде што ова би можело да важи“, изјави Шапс за Sky News.

Тој вчера објави дека целосно вакцинираните жители на Велика Британија кои пристигнуваат во земјата од средно ризично подрачје по пристигнувањето повеќе нема да мора да одат во самоизолација.

Шапс исто така рече дека процесот на признавање на статусот на вакцина ќе биде насочен кон земјите кои применуваат вакцини одобрени од СЗО и рече дека процесот е сложен затоа што секоја земја има различни системи за сертификација.

„Со ЕУ е полесно затоа што тие имаат свој дигитален сертификат, покомплицирано е со други земји, САД на пример, немаат дигитализиран систем“, потенцира Шапс во посебно интервју за Би-Би-Си, пренесува Ројтерс .

Leave a Reply