Британија ќе продолжи да испраќа одбранбено оружје во Украина

Сподели со своите пријатели

Руските ракетни напади врз украинска база во близина на границата со Полска се длабоко загрижувачки, но нема да ја спречат Велика Британија да продолжи да испраќа одбранбено оружје во Украина, изјави денеска портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон.

 

Украина и ЕУ ја обвинија Србија дека ѝ помага на Русија, за Вучиќ тоа е хајка

 

Руското Министерство за одбрана вчера соопшти дека во руските воздушни напади врз тренинг центарот Јаворив во областа Лавов, во близина на границата со Полска, биле убиени странски платеници и уништено големо количество странско оружје, пренесе Ројтерс.

„Овие напади се длабоко загрижувачки“, изјави портпаролот на Џонсон.

Запрашан дали тоа ќе ја одврати Британија да испрати повеќе оружје, тој одговори не.

 

Активисти ја окупираа вилата на руски олигарх во Лондон (ВИДЕО)

 

„Не. Ние апсолутно ќе продолжиме да ја обезбедуваме оваа одбранбена, смртоносна способност на украинската влада“, рече тој.

Од витално значење е да го направиме тоа, знаеме дека тоа беше корисно, знаеме дека беше успешно распоредено, додаде портпаролот Борис Џонсон.