Министерот за надворешни работи Џејмс Клеверли рече дека Обединетото Кралство ќе продолжи да врши притисок да го „задуши финансирањето на руската воена машина“, пренесува Си-Ен-Ен.
„Видовме очигледното таргетирање на цивилната инфраструктура што е против хуманитарното право, тоа е спротивно на законот за вооружен конфликт“, рече Клеверли утрово.
ОРБАН: Следната недела очекуваме поголем бран бегалци од Украина
„Мораме да се погрижиме да собереме докази за сите овие случаи, така што рускиот режим, кој ја води оваа целосно незаконска, целосно неоправдана војна во Украина, ќе одговара пред меѓународните судови откако ќе се реши ова“, истакна министерот.
„Ќе продолжиме да вршиме притисок да го задушиме финансирањето на руската воена машина за да се обиде да стави крај на оваа војна што е можно поскоро“, додава Клеверли.