Британија може да размисли за одземање на статусот на терористичка организација за Хајат ал Тахрир ал-Шам (ХТС), групата која ја предводи сириската бунтовничка алијанса која помогна да се собори претседателот Башар ал Асад, изјави висок британски функционер.
„Ќе го разгледаме. И мислам дека делумно ќе зависи од тоа што ќе се случи“, изјави високиот министер Пет Мекфејден за Sky News на прашањето дали британската влада ќе ја разгледа забраната за HTS.
ХТС, поранешен огранок на Ал Каеда, е забранета организација во Велика бритнаија, што значи дека е означена како терористичка група и нелегално е да се поддржува или да се придружува кон неа.
Во неделата, сириските бунтовници објавија на државната телевизија дека го собориле претседателот Башар ал Асад, ставајќи крај на 50-годишното владеење на семејството во офанзива што ги зголеми стравувањата од нов бран на нестабилност на веќе разурнатиот од војна Блискиот Исток.
Метеорскиот подем на бунтовничкиот сојуз предводен од Хајат ал Тахрир ал Шам (ХТС) означи една од најголемите пресвртни точки за регионот во последните генерации.
САД, Турција и Обединетите нации исто така ја сметаат ХТС за терористичка група.