Британија ќе даде се од себе да ги ослободи Британците осудени на смрт

Сподели со своите пријатели

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трус изјави дека ќе стори „се што е можно“ за да ги ослободи двајцата Британци осудени на смрт од руските сепаратисти во Украина.

Loading...

„Ги уверувам семејствата дека ќе направам се што е можно да ги ослободам“, рече Трус.

Шон Пинер (48) беше фатен во Мариупол во април заедно со Ејден Аслин (28).

Руските сепаратисти ги обвинија дека се платеници, пишува Sky News.

Имаат рок од еден месец да се жалат на пресудата

Во саботата, премиерот Борис Џонсон им нареди на своите министри да направат „се што е во нивна моќ“ за да обезбедат ослободување на осудените Британци.

Третиот маж, мароканскиот државјанин Саудун Брахим, исто така беше осуден на смрт.

Москва соопшти дека сите заробени платеници можат само да се надеваат на долга затворска казна, но најверојатно ќе бидат застрелани.

Тројцата мажи се првите странски борци кои беа осудени од сепаратистите. Имаат рок од еден месец да се жалат на пресудата.

Loading...

Тоа е наместено судење

Да потсетиме, судот во самопрогласената проруска Народна Република Доњецк осуди на смрт двајца британски и еден марокански доброволец заробени од руските сили во Мариупол.

Судот на територијата контролирана од руските сили во источна Украина ги осуди Ајслин и Пинер по судењето кое траеше само неколку дена.

Набљудувачите велат дека станува збор за монтиран процес кој се обидел да го имитира судењето за воени злосторства на руските војници во Киев.

И двајцата Британци рекоа дека служеле во единица на украински маринци, што ги прави активни членови на војската и дека треба да бидат заштитени со Женевската конвенција како воени заробеници.

Меѓутоа, руските прорежимски медиуми ги опишаа како „платеници“ и како такви беа осудени пред судот на проруските сепаратисти.