Британија издава нови дозволи за нафта и гас во Северното Море

Сподели со своите пријатели

Велика Британија ќе издаде стотици нови лиценци за производство на нафта и гас во Северното Море за да стане енергетски понезависна, објави владата во понеделникот.

Loading...

Нова инфраструктура за зафаќање и складирање на јаглерод ќе биде инсталирана во североисточниот дел на Шкотска и во регионот Хунбер, се додава во соопштението за печатот.

„Сега, повеќе од кога било, од клучно значење е да ја зајакнеме нашата енергетска безбедност и да капитализираме од таа независност за да испорачаме поприфатлива, почиста енергија во британските домови и бизниси“, рече британскиот премиер Риши Сунак во изјавата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Екстремисти кои светот ги прифати како државници

Сунак треба да посети важна инфраструктурна локација во Абердиншир, Шкотска подоцна во текот на денот.

Регулаторното тело за нафтената и гасната индустрија наесен треба да издаде нови лиценци за истражување на овие ресурси.

Велика Британија на крајот на февруари 2022 година објави дека гледа „добра и стабилна“ иднина за нафтената и гасната индустрија во Северното Море и дека ќе издаде нови лиценци за зголемување на производството.