Британската агенција за здравствена безбедност (UKHSA) издаде предупредување за ниски температури за цела Англија.
Предупредувањата ќе важат до следната среда, а се очекува зголемување на бројот на смртни случаи, особено кај лицата над 65 години и кај оние со постоечки здравствени проблеми, пишува „Скај њуз“.
Шефот за екстремни временски настани и здравствена заштита на УКХСА, Агостињо Суса, ги повика граѓаните да ги проверат своите пријатели, роднини и соседи.
Зимските услови го погодија и железничкиот сообраќај во делови од Шкотска.
Железничката компанија „СкотРејл“ информираше дека пругата меѓу Инвернес и Дингвол на северот на Шкотска ќе биде затворена најмалку до сабота попладне поради лизгање на земјиштето и поплави.
Исто така, British Rail соопшти дека возовите меѓу Манчестер, Пикадили и Шефилд ќе бидат пренасочени поради поплави.
Прекините во сообраќајот на некои северни линии се очекува да траат до 6 јануари, јавува Танјуг.