Британија испрати нуклеарна подморница во Заливот

Сподели со своите пријатели

Британската морнарица испраќа нуклеарна подморница во Заливот, откако на тоа подрачје Иран заплени британски нафтен танкер, јавуваат лондонските медиуми.

Loading...

Се наведува дека подморницата ќе има одбранбена улога, користејќи ја својата софистицирана опрема за собирање тајни електронски разузнавачки податоци.

Подморницата од класата Астута, една од најновите, тешка 7.400 тони, ќе може да бележи движење и пренос на гласови до одалеченост од 200 милји, нејзината опрема може да ги пресретне и преземе разговорите, а имаат и специјални лингвисти.

Како што се додава, вниманието ќе се фокусира на иранското пристаниште Бандар Абас, во кое се наоѓа британскиот танкер со 23 членови на екипажот.

Иран објаснува дек аминатиот викенд заплениле британски танкер затоа што се судрил со ирански рибарски брод.

Британскиот танкер наводно го оштетил рибарскиот брод, а потоа не одговорил на повикот на малиот брод за тревога.

Во меѓувреме британската премиерка Тереза Меј свика итна седница на која ќе се одлучува за тоа како ќе се одговори на иранската заплена на танкерот под британско знаме во Хормошкиот теснец, пренесува АП.

Image by skeeze from Pixabay

Loading...

Leave a Reply