Британија и пет други земји побараа седница на Советот за безбедност на ОН за Украина

Сподели со своите пријатели

Обединетото Кралство, САД, Франција, Албанија, Ирска и Норвешка побараа состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации за Украина, соопшти денеска мисијата на Велика Британија во ОН.

Loading...

„Велика Британија, Албанија, Ирска, Норвешка, САД и Франција повикаа на состанок на Советот за безбедност за Украина“, објави британската мисија на ОН на својот Твитер профил, пренесува ТАСС.

 

Колку „тежи“ Путин? Изненадувачки податоци излегоа во јавноста!

 

Советот за безбедност на Обединетите нации во петок треба да гласа за резолуцијата предложена од Русија со која се повикува на заштита на цивилите во Украина и безбедно минување на хуманитарната помош и луѓето кои сакаат да ја напуштат земјата, но западните дипломати велат дека таа нема да биде поддржана бидејќи не повикува на прекин на борбите или повлекување на руските војници, објави претходно Ројтерс.