Британија и ЕУ најавија нови санкции против Русија

Сподели со своите пријатели

Лидерите на групата Г7 денеска положија венци во јапонскиот град Хирошима, речиси 78 години по нападот со нуклеарна бомба, на почетокот на самитот на кој се очекува да бидат воведени нови санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина.

Loading...

Наследството на Хирошима како прва локација која некогаш била нападната со нуклеарно оружје, додаде важност како предупредување по руската инвазија на Украина и говорот на претседателот Владимир Путин за неговата подготвеност да користи нуклеарно оружје.

Зеленски доаѓа, Британија веќе најави нови санкции

Украинскиот претседател Володимир Зеленски в недела ќе отпатува за Јапонија за да им се придружи на лидерите на напредните светски демократии на нивниот самит во Хирошима, изјави извор од Европската унија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Соборени се 50 руски проектили кои ја гаѓаа енергетската инфраструктура на Украина

Претходно беше најавено дека лидерите на Г7 ќе објават нови санкции против Русија.

На почетокот на денешниот состанок, Британија веќе најави нови санкции против руската рударска индустрија, пред се за алуминиум, дијаманти и бакар, со цел да се намали капацитетот на Москва за финансирање на војната во Украина.

„Г7 останува обединета против заканата од Русија“

„Како што покажуваат денеска објавените санкции, Г7 ќе остане обединета пред руската закана и цврста во поддршката за Украина“, изјави британскиот премиер Риши Сунак.

Во 2021 година Русија извезла дијаманти во вредност од околу 4 до 5 милијарди долари.

Шефовите на држави и влади на Г7 треба да разговараат и за голем број други санкции против Русија, вклучително и американските мерки за ставање на 70 руски и странски субјекти на црната листа на САД.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руската полиција спречи атентат врз директор на воено-индустриско претпријатие

Британија, исто така, ќе таргетира дополнителни 86 лица и компании од воено-индустрискиот комплекс на Путин, покрај оние кои се вклучени во енергетската, металната и бродската индустрија, се вели во извештајот.

ЕУ воведува санкции и за руските дијаманти

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел изјави дека Европа ќе воведе санкции и за руските дијаманти.

Официјални лица сè уште ги разгледуваат деталите од конечната изјава за Русија, како и прецизната формулација во врска со Кина, велат извори од инволвираните земји.

Русија соопшти дека е подготвена да го искористи својот нуклеарен арсенал за да го одбрани својот „територијален интегритет“ доколку е потребно.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида рече дека го избрал градот Хирошима за самитот на Г7 за да го фокусира вниманието на контролата на вооружувањето.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Голем руски напад на божиќното утро, Полска подигна борбени авиони (ВИДЕО)