Британија го започна најголемиот тест во светот за четиридневна работна недела

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 3.300 работници во 70 компании во Велика Британија, почнувајќи од мали локални бизниси до големи финансиски фирми, денеска започнуваат четиридневна работна недела без намалување на платите, како дел од најголемото тестирање на новиот работен модел во светот.

Loading...

Пилот-проектот ќе трае шест месеци, организиран од друштвото „Четири дена неделно глобално“, а во партнерство со тинк-тенк групата Autonomi, кампања 4 дена во неделата и истражувачи од Универзитетот Кембриџ, Универзитетот Оксфорд и Бостонскиот колеџ, пишува Гардијан, пренесува Танјуг.

Истражувањето се базира на шемата 100: 80: 100, односно 100 отсто од платата за 80 отсто од работното време, во замена за задолжително одржување на 100 отсто продуктивност.

Џо О’Конор, извршен директор на непрофитната група „Четири дена неделно глобално“, вели дека Велика Британија е предводник на четиридневната работна недела.

„Како што излегуваме од пандемијата, се повеќе компании препознаваат дека квалитетот на животот е нова граница што ја дели конкуренцијата и дека работата со скратено работно време е фокусирана на резултати, средство за да им се даде конкурентна предност“, рече тој.

Меѓу оние кои учествуваат во ова тестирање се компании кои обезбедуваат образование, советување на работното место, домување, нега на кожа, градежни работници, храна и пијалоци и услуги за дигитален маркетинг.

Истражувачите ќе работат со секоја организација што учествува во проектот за да го измерат влијанието на намалената работна недела врз продуктивноста на бизнисот и благосостојбата на нејзините работници, како и влијанието врз животната средина и родовата еднаквост.

Тестирањето на четиридневната работна недела, со поддршка на владите, треба да започне подоцна оваа година во Шпанија и Шкотска.

Loading...

Џулиет Скор, професорка по социологија на Бостонскиот колеџ и главен истражувач на пилот-проектот, го опишува потфатот како „историски експеримент“.

„Ќе анализираме како реагираат вработените на дополнителниот слободен ден, во однос на стресот и исцрпеноста на работа, нивното задоволство од работата и животот, здравјето, спиењето, користењето електрична енергија, патувањето и многу други аспекти од животот“, објаснува таа.

Тој додава дека четиридневната работна недела генерално се смета за политика на тројни придобивки – им помага на вработените, компаниите и климата.