Британија ги претстави водителите на годинешната Евровизија

Сподели со своите пријатели

Би-Би-Си го претстави тимот кој ќе биде домаќин и ќе ја коментира овогодинешната Евровизија, во кој се познатиот британски водител Греам Нортон и актерката Хана Ведингем, позната по улогата во серијата „Тед Ласо“.

Loading...

Во тимот се и украинската пејачка Јулија Санина и поп ѕвездата и водителка Алиша Диксон.

Хана Ведингем ја освои наградата Еми за нејзината улога во серијата „Тед Ласо“, а играше и во познатите бродвејски продукции „Спамалот“, „Волшебникот од Оз“ и „Вселенското семејство Робинсон“.

Јулија Санина беше финалистка во „Танц со ѕвездите“ во Украина и неколку години беше судија во тамошниот „Икс фактор“.

Нејзиниот бенд „Хардкис“ учествуваше на „Видбир“ во 2016 година, а Јулија една година беше судија на тој меѓународен избор за песна на Евровизија.

Алиша Диксон, поранешна членка на групата „Miss-Teeq“ е позната водителка во Британија.

Обожавателите на реалното шоу „Британија има талент“ ја знаат како една од судиите, а таа е редовен учесник во хуманитарната програма „Comic Relief“.

Греам Нортон, познат британски водител, е евровизиски коментатор од 2009 година, а сега ќе го води тимот домаќин во финалната вечер на 13 мај.

Loading...

Нортон рече дека е „голема привилегија“ да се биде вклучен во Евровизија.

„Оваа година е уште поспецијална и чувствувам голема одговорност да ги направам горди нашите колеги од Украина“, изјави водителката.

Британија годинава ја организира Евровизија во име на минатогодишната победничка Украина.

Преносот на ова натпреварување се очекува да го следат повеќе од 160 милиони луѓе ширум светот.

Сите 37 учесници имаат уште еден месец да ги потврдат своите претставници и песните што ќе ги изведат.