Британија: Државниот секретар за Северна Ирска поднесе оставка

Сподели со своите пријатели

Британскиот државен секретар (министерот) за Северна Ирска Брендон Луис утринава поднесе оставка, наведувајќи „етички причини“, а тоа се случува во услови на акутна политичка криза во владата на Борис Џонсон, како министрите за финансии, безбедност и наука Хелен Ваутли, Демијан Хиндс и Џорџ Фримен.

Loading...

Луис му рекол на премиерот дека со „жалење“ поднесува оставка, но и дека поделената Конзервативна партија не може да победи на изборите, јавува Би-Би-Си.

„Одлуката за напуштање на владата никогаш не се сфаќа лесно, особено во толку критично време за Северна Ирска. Одвоив многу време да ја разгледам оваа одлука, бидејќи синоќа нашироко ви го објаснив мојот став“, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Три европски земји им делат брошури на граѓаните во случај на војна и неочекувани кризи

„Излегов и ја бранев оваа власт и јавно и приватно. Сепак, сега ја поминавме точката од која нема враќање“, напиша Луис.

Министерот за наука Џорџ Фримен му напиша на премиерот Џонсон дека повеќе нема доверба во раководството.

Иако експлицитно не кажа дека ја напушта министерската функција, изјави дека е „голема чест да се служи на државата, на круната и на Конзервативната партија во Владата“.

Министерот за безбедност Демијан Хиндс објави дека поднесува оставка, пишувајќи дека „за доброто на државата и довербата во демократијата, неопходно е да се има промена на раководството“.

Секретарот за финансии Хелен Вајтли во своето писмо со оставка до премиерот напиша дека во последните месеци притискала Борис Џонсон да ја продолжи функцијата, но дека има ограничен број на случаи кога е можно „да се извини и да продолжи понатаму“.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Проруски сепаратистички регион: Демонстранти насилно го окупираа парламентот, најавија рушење на владата