Родителите на Британецот кој загина по хеликоптерска несреќа во Големиот Кањон ќе добијат отштета од 79 милиони фунти или нешто повеќе од 100 милиони долари.
Џонатан Удал (31), заедно со неговата сопруга, беше еден од петте Британци кои загинаа откако хеликоптерот се урна и се запали во февруари 2018.
Тој се здоби со изгореници на 90% од телото и почина по 12 дена поминати во болница.
Во тужбата поднесена од неговите родители се тврди дека тој можел да преживее доколку хеликоптерот бил опремен со системи за заштита од пожари.
Џонатан Удал од Брајтон и неговата сопруга Ели Милвард (29) ги посетија САД со пријателите Беки Добсон (27), нејзиното момче Стјуарт Хил (30) и неговиот брат Џејсон Хил (32), за да ја прослават неодамнешната венчавка и роденден на Стјуарт Хил.
Зошто тужеле?
Групата била во хеликоптер Ербас ЕЦ130 Б4 во Аризона кога изгубил контрола и се урнал при слетувањето.
Беки Добсон, Стјуарт Хил и Џејсон Хил, сите од Вортинг, Сасекс, беа прогласени за мртви на местото на настанот, додека Елу Милворд почина неколку дена по нејзиниот сопруг, исто така од изгореници.
Адвокатите на родителите на Џонатан Удал, Филип и Марлен Удал, од Саутемптон, тврдеа дека францускиот производител на хеликоптери Ербас Хеликоптерс САС и неговиот оператор Папилон Ервејс биле невнимателни кога не инсталирале резервоар за гориво отпорен на несреќи.
Тврдеа дека нивниот син немало да претрпи „тешки и катастрофални изгореници“ доколку се поставел таков систем.
Според спогодбата одобрена од судијата во Невада во петокот, двојката ќе добие 75,4 милиони долари од Airbus Helicopters SAS и 24,6 милиони долари од Papillon Airways.
Во изјавата објавена од нивниот адвокат Гери Ц Роб, тие се надеваат дека исходот ќе ги охрабри производителите да ја подобрат безбедноста на хеликоптерот, така што „ниту еден друг родител не мора да помине низ она низ што поминале“.
„Горивото се истура врз патниците и ги натопува, па се запали“
Роб изјави за новинската агенција PA дека семејството истакнало „дека има премногу хеликоптери кои го имаат овој многу небезбеден, слаб резервоар за гориво“.
„Кога хеликоптерот ќе направи таканаречено „тврдо слетување“, се отвора и ги полева патниците со гориво, ги натопува со гориво, а потоа се запали и тие се зафатени од пламен“, рече тој.
„Тоа е страшно. И треба веднаш да се коригира“, додаде тој.
Тој рече дека родителите на загинатиот Британец планираат да искористат дел од парите за промовирање на безбедноста на хеликоптерот и поддршка на преживеаните од изгореници.
Во извештајот од 2021 година на Националниот одбор за безбедност на транспортот, американската владина агенција одговорна за истражување на несреќи во цивилниот транспорт, се наведува дека несреќата во Гранд Кањон најверојатно била предизвикана од губење на контролата поради силните задни ветрови.
Пилотот Скот Бут, кој преживеал иако двете нозе оттогаш биле ампутирани, им рекол на истражителите дека леталото почнало да се врти откако бил погоден од „силен налет на ветер“.