Британците: „Русите се запрени на сите фронтови“

Сподели со своите пријатели

Британското Министерство за одбрана во неодамнешното соопштение соопшти дека руската офанзива во Украина е запрена на сите фронтови, пренесува Би-би-си.

Loading...

Во соопштението се додава дека руските сили „постигнале минимален напредок на копно, море или воздух во последните денови и продолжуваат да трпат големи загуби“.

„Отпорот на Украина останува упорен и добро координиран. Огромното мнозинство на украинска територија, вклучително и сите поголеми градови, останува во украински раце“, се додава.

Украинската војска вели дека напорите на Русија сега се префрлени на воздушни напади, бомбардирање и гранатирање цивили бидејќи тие не успеале во нивните копнени операции.

Москва еднаш го објави бројот на своите жртви. Тоа беше минатата недела и тогаш зборуваа за околу 500 загинати војници во нивните редови.

Украина, пак, тврди дека досега убила речиси 13.000 руски војници.

САД објавија проценка минатата недела, која беше околу 7.000 на руска страна.