Британците ја ажурираа листата најголеми безбедносни закани: атентати, дронови, Путин, пандемија…

Сподели со своите пријатели

Потенцијалните нови пандемии, Русија и нејзината способност да го наруши глобалното снабдување со енергија и екстремните временски услови се меѓу 89-те закани за кои британската влада оцени дека може да ја загрозат безбедноста на Велика Британија.

Објавен е ажуриран национален регистар за ризици за да ѝ помогне на јавноста да се подготви за „најлошите сценарија“ кои потенцијално би можеле да ја погодат земјата.

Други закани вклучуваат злонамерна употреба на дронови за нарушување на транспортот и друга клучна инфраструктура и потенцијално нарушување на подводните трансатлантски телекомуникациски кабли што се користат за интернет и комуникација, пишува Sky News.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Нашите синови и ќерки мора да бидат подготвени за војна со Русија“, вели началник во британската армија

Тежината на секој ризик беше проценета земајќи ги предвид факторите како што се потенцијалниот број на жртви и финансиските трошоци, додека опсежно моделирање и анализа на податоци беа користени за да се утврди веројатноста за секој ризик.

– Ова е најсеопфатната проценка на ризикот што некогаш сме ја објавиле, така што владата и нашите партнери можат да направат силни планови и да бидат подготвени на се. Еден од тие растечки ризици е енергетската безбедност – изјави вицепремиерот Оливер Дауден.

– Сеопфатното разбирање на ризиците со кои се соочуваме е клучно за одржување на безбедноста на Велика Британија. Ова издание, засновано на внатрешната проценка на класифицираниот ризик на владата, нуди уште повеќе детали за потенцијалните сценарија, одговорот и опциите за обновување за ризиците со кои се соочува Велика Британија; кои се движат од тероризам до конфликти и природни катастрофи – изјави заменик-советникот за национална безбедност Мет Колинс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Европа е подготвена да ги предводи „мултинационалните сили“ во Украина