Брисел: Србија ја знае цената ако биде на погрешната страна од конфликтот

Сподели со своите пријатели

Претставниците на ЕУ продолжуваат да ја убедуваат Србија да се придржува кон надворешната политика на ЕУ за санкциите против Русија поради нејзината агресија врз Украина, но и предупредуваат на можни последици доколку продолжи оваа политика.

Loading...

– Србија не е убедена дека санкциите (кон Русија) се вистинскиот одговор во моментов. Јасно и даваме до знаење на Србија која ќе биде цената ако земјата е на погрешната страна на конфликтот, изјави Мајкл Зиберт, генерален директор на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), задолжен за односите со Русија и Источното партнерство.

 

Лукашенко се закани: „Ако одговориме, сите ќе почувствуваат“

 

Зиберт овие наводи ги изнел на дискусијата во комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент за војната во Украина, на која европските пратеници прашале какви ќе бидат последиците од одбивањето на Србија да воведе санкции кон Русија.

Покрај Белорусија, Србија е единствената земја во Европа која не воведе санкции кон Русија.

Како земја кандидат за полноправно членство во ЕУ, се очекува да ја усогласи својата надворешна политика со европските политики.

Loading...

 

Кремљ: Разочарани сме од реакцијата на Западот

 

Притисокот врз Србија се засили во последните недели, кога ЕУ воведе низа рестриктивни мерки против Русија поради агресијата врз Украина.

Група европратеници веќе побараа од Европската комисија привремено да ги замрзне пристапните преговори во ЕУ со српската влада и да ја одбие финансиската поддршка.