Две лица се лишени од слобода, откако полицијата во два одделни случаи запленила 272 парчиња разновидна брендирана стока и 174 парчиња разновиден рачен алат без документација на автопатот Табановце – Куманово.

– На 14.12.2025 на автопат Табановце-Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при ОГРМ во два одвоени настани ги лишија од слобода Б.И (38) од Куманово и Б.С (41) од Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од МВР, полициските службеници прво сопреле патничко возило „Голф” со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.И. и при преглед на возилото пронајдени се 272 парчиња разновидна брендирана стока, без документација.
– Во вториот настан, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С. и при преглед на возилото биле пронајдени 174 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат без документација.

И во двата случаи производите биле одземени, а лицата лишени од слобода.
– По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, стои во соопштението.

Никола Ивановски

