Брендирана облека, суплементи и инвертер запленети на ГП Табановце (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Брендирана облека, суплементи за исхрана и соларен инвертер, заплениле цариниците на Граничниот премин Табановце изминатата недела.

Loading...

Како што информираат денеска од Царинската управа во камион бил спречен обид да се шверцува соларен инвертер.

– Во обидот е спречен од Службата за мобилен скенер која при извршената контрола утврди дека во кабината има неправилности по што е извршен и физички преглед кога е пронајден соларниот инвертер, информираат од Царинската управа.

 

 

Патник во абтобус кој сообраќал од Скопје кон Белград се обидел да шверцува суплементи за исхрана.

– Царински службеници на граничниот премин Табановце во куферите на еден од патниците кои патувале со автобус кој сообраќал на релација Скопје – Белград пронајдоа 129 парчиња суплементи Zeo Medic, додаток во исхрана. Суплементите се запленети, а против патникот ќе биде поведена соодветна постапка, потенцираат од ЦУ.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Брат и татко натепале кумановка на градскиот плоштад

 

 

Цариниците спречиле и шверц на 463 парчиња брендирана облека.

– Мобилен царински тим на Царинска испостава Табановце при контрола на камион, заплени 463 парчиња облека со потписот на Ралф Лаурен, Диор, Бос и други модни брендови поради основано сомневање за повреда на право од интелектуална сопственост, додаваат од Царина.

Никола Ивановски