Брена и Саша Поповиќ побогати за 15 милиони евра

Сподели со своите пријатели

Лепа Брена и Саша Поповиќ го продадоа остатокот од 49 проценти од Гранд продукција на Јунајтед Медиа, кој во 2014 година веќе купи 51% од акциите.

Loading...

Според белградските медиуми, Брена и Саша, наводно, заработиле уште 15 милиони евра, колку што инкасирале и пред пет години.

Целата трансакција од продажбата ќе биде завршена до крајот на оваа година, што значи дека имињата на основачите и сосопствениците на „Гранд“ ќе бидат избришани од 2020 година во Агенцијата за деловни регистри, пренесува српски Курир.

Уделот на Саша во сопственичката структура на „Гранд продукција беше 24 проценти, и затоа би вредел 7.350.000 евра, додека Брена поседувала 25 проценти и ќе биде побогата за 7.650.000 евра, според информациите на тамошните медиуми.

Поповиќ, додаде тој, ќе продолжи да ги прави постојните емисии само како креативен автор, продуцент и за плата, тврди весникот.

Leave a Reply