Бремена тинејџерка (16) на ултразвучен преглед видела „глава на вонземјанин“

Сподели со своите пријатели

Идната мајка Софи Скот (16) од Тинсид, Англија, била шокирана на ултразвучниот преглед кога на мониторот се појавило бебе со чудна глава слична на вонземјанин.

Loading...

Радоста од фактот што Софи и нејзиниот партнер Стивен Робертс ќе станат родители, се претворила во паника откако ја виделе снимката од ултразвук.

– Главата беше во форма на вонземјанин со дополнителни очи зад бебето. Мојот поранешен беше опседнат со вонземјани и демони, па се шегувавме дека тој фрлил проклетство кон мене “, рекла Софи, која првично се плашела дека вонземјанинот ќе го изеде нејзиното бебе, но потоа сфатила дека нема причина да паничи.

– Се смеевме, но сепак бевме малку панични бидејќи никој не знаеше што е тоа. Сепак, четири недели подоцна, скенерот откри дека не носам вонземјанин – рекла идната мајка.

Породувањето на Софи е во октомври, а тинејџерката се шегувала дека „се надева дека бебето нема да се роди на Ноќта на вештерките затоа што тоа би било премногу“.

Leave a Reply