Бразилската морнарица заплени рекордни 3,6 тони кокаин на бродот

Сподели со своите пријатели

Бразилската морнарица денеска соопшти дека запленила 3,6 тони кокаин на брод во близина на брегот на североисточната држава Пернамбуко, што е најголемата поединечна заплена на дрога на море во Бразил.

Loading...

Во соопштението се наведува дека морнарицата во соработка со федералната полиција запленила мал моторен чамец што се користел за превоз на луѓе и товар долж брегот, со пет членови на екипажот, кој се движел кон Африка, јавува Си-Ен-Ен Бразил.

Бродот бил пронајден на приближно 33 километри од Ресифе и бил одвлечен до пристаништето со патролен чамец.

Акцијата е дел од акцијата „Агата Нордесте“ во која се вклучени безбедносни и инспекциски сили во борбата против прекуграничниот криминал, се вели во соопштението.

Според морнарицата, од 2020 година запленети се повеќе од 17 тони кокаин, 4,3 тони хашиш, 695 тони цигари, 113,34 тони риба, 14 тони марихуана и 3146 кубни метри дрва.