Бразил: Нелегално ископувале злато и переле милијарди со крипто токени

Сподели со своите пријатели

Во голема полициска операција во Бразил, фатени се членови на наводна криминална група која користела крипто токени за перење пари што ги „заработиле“ од илегално ископување злато.

Loading...

Криминалците од 21 век биле толку креативни што користеле сопствен крипто токен за кој имале неактивна компанија која го создала, се со цел да ги оправдаат огромните суми добиени од нелегално ископување злато.

Имено, тие суми биле претставени како да се инвестиции на трети лица заинтересирани за добивање дивиденди, соопшти Федералната полиција на Бразил.

Во акцијата уапсиле пет лица и издале 60 налози за претрес и заплена, јавува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Австралиска компанија ќе плати 160 милиони долари на воената хунта во Мали

Самото име на полициската операција „Алчност“ е поврзано со здравствени компании кои переле пари од илегално ископување злато во северната бразилска држава Рандонија од 2012 година, а можеби и порано, додаде тамошната полиција.

На овој начин, групата, заедно со другите методи на перење пари, преместила милијарди долари со свој крипто токен.