Бразил: Министерот за здравство има 48 часа за датум за почеток на имунизација

Сподели со своите пријатели

Врховниот суд на Бразил му даде на министерот за здравство на земјата 48 часа од синоќа, да одреди датум за почеток на националната програма за вакцинација за борба против епидемијата на новиот коронавирус.

Loading...

Десничарската Влада на претседателот Жаир Болсонаро е критикувана од државните гувернери и експертите за јавно здравје заради неподготвеноста да се справи со пандемијата и набрзина изготвениот и погрешен план.

Планот ја поставува првичната цел да се вакцинираат 51 милиони луѓе или една четвртина од населението, во првата половина на 2021 година, давајќи им приоритет на најранливите, како што се здравствените работници, старите лица и домородните заедници.

Златко Шумковски

Leave a Reply