Бразил: Болсонаро утре на суд под обвинение за злоупотреба на службената положба

Сподели со своите пријатели

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро, кој ги загуби изборите во октомври минатата година од левичарот Луис Инасио Лула да Силва, утре ќе се појави пред Врховниот суд во Бразил под обвинение дека ја злоупотребил својата положба кога ги повикал странските амбасадори во Бразил и изнесувал неосновани тврдења за заканите за гласачкиот систем.

Loading...

Сослушувањето пред Врховниот суд е, во одредена смисла, последниот чин на пресметката на Болсонаро со Лула, чија победа тој никогаш не ја призна, но охрабри илјадници негови поддржувачи да упаднат во владините згради во Бразил на 8 јануари, пренесува Ројтерс.

Судскиот процес против поранешниот десничарски претседател дополнително ќе влијае на „очигледно неповолната“ клима во која некогаш најмоќниот човек во Бразил се обидува да ја одржи својата политичка кариера, оценува британската агенција.

Доколку Болсонаро го загуби случајот пред Врховниот суд, би можел да му биде забранета политичка активност и да се кандидира за политичка функција до 2030 година.

Ројтерс додава дека ова можеби не е крајот на неволјите на Болсонаро, бидејќи против него се покренати повеќе кривични истраги, кои би можеле да завршат со судски постапки и изрекување затворска казна.

Адвокатот на Болсонаро рече дека доколку судот го прогласи неговиот клиент за виновен, ќе следи жалба и додаде дека доказите против поранешниот претседател се „слаби“, пренесува Танјуг.