Бразил: Болсонаро оди во вториот круг од изборите со Лула

Сподели со своите пријатели

Со преброени 99,7 отсто од електронските гласови, левичарот Луис Игнасио Лула да Силва освои 48,4 отсто од гласовите, наспроти 43,3 отсто за десничарот Жаир Болсонаро, соопшти изборната комисија, пренесе Ројтерс.

Loading...

Бидејќи ниту еден од кандидатите не освои повеќе од 50 отсто од гласовите на гласачите, Болсонаро и Лула ќе учествуваат во вториот круг на гласање на 30 октомври, пренесува Танјуг.

Неколку анкети покажаа дека Лула, кој беше претседател од 2003 до 2010 година, води пред актуелниот шеф на државата Болсонаро со 10 до 15 отсто од гласовите пред изборите во недела.

Сепак, според британската агенција, многу помалата разлика во гласовите ги урна надежите за брзо разрешување на длабоко поларизираните политички сили во оваа земја.

Болсонаро ги доведе во прашање анкетите кои покажаа дека тој изгубил од Лула во првиот круг и без докази го нападна интегритетот на бразилскиот електронски систем за гласање и сугерираше дека можеби нема да го признае поразот доколку загуби.

Лула беше оптимист за изборните резултати, велејќи дека тоа само ќе ја одложи неговата победа и дека со нетрпение очекува да се соочи со Болсонаро во вториот круг.

– Можеме да го споредиме Бразил што тој го изгради со оној што ние го изградивме – изјави Лула на новинарите.

Болсонаро беше уверен во својот постизборен говор, критикувајќи ги фирмите за испитување на јавното мислење.

Loading...

– Планирам да направам вистински политички сојузи за да победам на овие избори – изјави тој за новинарите.

Повеќе од 150 милиони бразилски граѓани вчера излегоа на гласање за да изберат нов претседател, сенатори, советници и гувернери на државите.

Бразилските граѓани ги избраа сите 513 членови на Долниот дом на Конгресот, една третина од 81 член на Сенатот, гувернерите на државите и советниците.