Братот на убиениот полицаец Османи: Никој од власта не дојде на погребот (видео)

Сподели со своите пријатели

Меѓу осумтте полицајци кои загинаа во конфликтот во Куманово беше и Исамедин Османи, припадник на ЕБР, по потекло од скопското село Студеничани.

Loading...

Братот на Османи, во ексклузивно интервју за Клан Косова раскажува детали за трагичниот настан, кога неговиот брат полицаец заминал на задача во Куманово.

Триесет и две годишниот Османи како дел од специјалната полициска единица на Република Македонија, бил недостапен за контакт на 9 мај до 17:00 часот, кога подоцна колегите на Исамедин го информирале неговото семејство дека тој загинал во борбите во Куманово.

Роднините на убиениот полицаец, велат дека не се сигурни за тоа дали Исамедин знаел каде ќе замине на задача критичниот ден. Иако како Албанец, тој се борел на страната на македонската полиција, братот Нихуи вели дека не слушнал некој да го нарекува неговиот брат предавник.

Исамедин според неговиот брат никогаш не бил дел на т.н ОНА, но потенцира дека братот бил искусен полицаец со претходно учество во разни полициски акции.

Сепак, на погребот на 32-годишниот полицаец, како што раскажува неговиот брат, не дошол никој од преставниците на власта, па дури и лидерите на албанските политички партии.

Исамедин Османи зад себе остави две малолетни деца, 6 -годишниот син Јахја и петгодишната ќерка Исра.

Loading...

 


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *