Истражување спроведено од психологот Пол Долан откри дека бракот им годи на мажите, но не и на жените. Ова не е прво истражување кое го потврдува овој факт.
„Ако сте маж, би требало да се ожените, но ако сте жена, подобро е тоа да не го направите“, вели професорот. „Мажите во бракот се смируваат, помалку ризикуваат, заработуваат повеќе пари на работа, живеат подолго. Жените мораат да се носат со тоа и умираат многу порано. Најсреќната и најздравата група се жените кои никогаш не се мажеле и немаат деца“, вели Долан во интервју за Guardian.
Друго истражување исто така докажа дека мажите во брак се значително посреќни од самците, но и дека мажите кои живеат со жени се најсреќни. Истражувањето проучувало 3.682 возрасни луѓе вo период од 10 години, а покажало дека мажите во брак имаат 46 проценти помала стапка на смртност од оние кои не се оженети.
Ова го потврди и истражување од Харвард коe откри дека самците имаат и до 82 проценти поголема опасност од умирање од срцеви заболувања во споредба со мажите кои се во брак.
Покрај тоа, луѓето кои се во среќен брак имаат и други придобивки бидејќи ја имаат поддршката од партнерот.