Браќата ѝ се заканувале дека ќе ја заколат, мајката сакала да ја запали: Оваа девојка преживеала ХОРОР

Сподели со своите пријатели

Во 2014 година цел свет со кнедла во грлото го следеше бегството на прекрасната Рахаф Мохамед од Саудиска Арабија.

Loading...

Несреќната девојка живеела во услови какви што ги немаат и најлошите осуденици и убијци, а за се што не било „по вера“ најмногу била малтретирана.

Како што подоцна напишала во својата книга „Бунтовник: Моето бегство од Саудиска Арабија до слободата“, бегството било најдобриот потег во нејзиниот живот, бидејќи се ослободила од емоционалното, вербалното и физичкото малтретирање кое траело со години.

Во книгата таа опишала како нејзините браќа „го контролирале секое нејзино движење“.

– Кога имав девет години ми рекоа дека никогаш не треба да ги раширувам нозете и дека секогаш треба да седам исправено со скрстени нозе – напишала таа.

Нејзе и било забрането да седи надвор, а не се осмелила ниту да го отвори прозорецот или влезната врата од спалната соба.

– Гласот на девојката не смеел да се слушне. Ми рекоа дека никогаш не треба да излегувам во јавност, а ако треба да работам, можам да станам учителка само во женско училиште.

 

Loading...

 

Како што подоцна објаснила 21-годишната Рахаф, таа цело време била држена под контрола на нејзината мајка и браќата, а кршењето на правилата било строго казнувано.

Мајка ѝ се заканувала дека ќе ја запали жива, а во една прилика запалила кибрит и го доближила до телото, велејќи:

– Телото ќе ти гори, дури и во задгробниот живот, ако го извалкаш својот дел или дел од семејството.

Да потсетиме, Рахаф се најде во центарот на светскиот интерес кога побегна во Тајланд откако семејството и се закани дека ќе ја убие.

Таму шест дена се забарикадирала во својата хотелска соба и побарала да се сретне со претставници на ОН задолжени за бегалците бидејќи не и дозволуваат да се врати дома.

– Роднина ми се заканува дека ќе ме заколи – напишала таа на својот Твитер профил и алармираше.

Loading...

– Ме запреа саудиски и кувајтски службеници на аеродромот во Бангкок, каде насилно ми го одзедоа пасошот и другите документи – изјави тогаш очајна девојка за AFP, додавајќи дека нејзиниот старател, бидејќи на жените во Саудиска Арабија не им е дозволено да патуваат без машки старател, е пријавен поради патување без дозвола.

 

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Rahaf Mohammed رهف محمد (@rahafcaofficial)

 

Своето бегство го испланирала користејќи ги советите на девојките кои ги запознала на интернет и почнала да штеди пари на банкарска сметка на пријател, а во есента 2018 година, додека сè уште била во својата земја, се запишала на Универзитетот Хаил каде имала повеќе слобода да си го соблече хиџабот, па дури и сама да оди по улиците.

Меѓутоа, кога еден ден најмила возач да ја однесе во градот, тој наместо тоа ја однел во планина и ја силувал.

Тоа било капка која ја прелеала чашата и ја зајакнала нејзината желба што поскоро да ја напушти Саудиска Арабија.

Кога таа и нејзиното семејство отишле да ги посетат роднините во Кувајт, таа побегнала и со помош на пријатели купила билети за летови од Кувајт до Тајланд и од Тајланд до Австралија.

Loading...

По хаосот, тајландската имиграциска полиција објави дека нема да ја депортира Рахаф Мухамед Алкунан поради загриженост за нејзината безбедност.

Девојката покренала кампања на Твитер за наоѓање азил, кој го обезбеди во Канада. Рахаф слетала во Торонто на 11 јануари минатата година и оттогаш води нов живот во земјата.

Потоа сподели две фотографии – едната на која носи хиџаб, а другата на која е фотографирана на плажа, каде што лицето и рамениците ѝ се голи.

 

 

Loading...

– Најдобрата промена во мојот живот – од тоа што сум принудена да носам црни чаршафи и да ме контролираат мажи до да станам слободна жена.

Поради овој потег таа се најде на удар на критичарите, а многумина напишаа дека „голотијата за неа претставува слобода“.

Откако го започна својот нов живот во Канада, Рахаф се откажала од презимето Ал-Кунун и пред неколку месеци го отворила својот профил на платформата за возрасни „OnlyFans“.

– Нема да има експлицитна содржина на мојата страница, ако не ви се допаѓа тогаш не се претплатувајте! Оваа страница е само за моите вистински обожаватели и можете да прашате што сакате или да разговарате во мојот ДМ, доколку тоа не е експлицитно! Им благодарам на луѓето кои ми кажаа да ме гледаат како личност и да ги почитуваат моите одлуки и да продолжат да ме поддржуваат – напиша таа и објави линк од профилот на својот Инстаграм.

Таа секојдневно објавува видеа на социјалните мрежи на кои ужива во работи кои и биле забранети во поранешната татковина и споделува провокативни фотографии додека ужива во новиот живот во Канада.

Loading...

 

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Rahaf Mohammed رهف محمد (@rahafcaofficial)

 

Како што вели, нејзината единствена цел е да им помогне на другите жени ширум светот да ја искусат слободата што сега таа ја чувствува.

– Денеска и во годините што следат ќе работам на поддршката и слободата на жените ширум светот. Истата слобода ја доживеав и првиот ден кога пристигнав во Канада – изјави таа. Таа додаде дека нејзиниот прв приоритет е учење англиски јазик.

Loading...

– Сакам да бидам независна, да патувам и сама да одлучувам за моето образование, кариера и кога ќе се омажам – изјави таа.