Браќа од Шведска со години шпионирале за Русија: Обвинителството бара затвор

Сподели со своите пријатели

Шведското обвинителство побара доживотна казна и 12 години затвор на крајот од судскиот процес за двајцата браќа кои се осомничени за шпионажа.

Loading...

Постариот брат, кој имаше висока функција во разузнавачката агенција, а подоцна и во вооружените сили, е обвинет и за грубо неовластено објавување тајни информации, соопшти обвинителството.

Судењето главно се одвиваше зад затворени врати.

Браќата се осомничени дека доставувале доверливи информации на руската разузнавачка агенција ГРУ во текот на една деценија.

Браќата, на возраст од 42 и 35 години, кои беа уапсени минатата година, откако беа под надзор најмалку од 2018 година, ги отфрлија сите обвиненија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вознемирувачка снимка: Руси брутално тепаат војници кои одбиваат да се борат во Украина

Обвинителот за време на судењето рече дека материјалот од судењето е таен, дури и строго доверлив во многу случаи.