Дваесет и четиригодишна Британка наведува дека нејзината брада е последица на синдром на полицистични јајници (PCOS), пореметување на ендокриниот систем кое предизвикува акни, зголемена телесна тежина и пораст на мастите.
PCOS обично се јавува во пубертетот или кај раниот стадиум на возрасна личност.
Пубертетот за мене беше нешто ужасно. Моето тело се менуваше, а јас психички не можев да се прилагодам на брзината на промените кои ми се случуваа – рекла Каур и додала дека во тоа време била многу несигурна и суицидна.
Откако ги испробала сите методи на отстранување на влакната, вклучувајќи и ласерски третмани кои се прескапи, а немаат трајно дејство, на Каур не и преостанало ништо освен да се бричи. Но,тоа не се покажало како решение со оглед дека влакната бргу раснеле.
Мојата брада просто сакаше да остане на моето лице, а јас еден ден одлуичив дека е време за освета – додава Каур.
Еднаш кога сфатила дека не може ништо да промени се одлучила да се прифати каква што е. Наместо секој ден да вложува време и труд во отстранување на упорните влакна, Каур еднсотавно ги оставила во природна состојба. Оваа млада дама денес е советник во борбата против врсничко насилство, а во март годинава станала првата жена модел со брада која прошетала на модна писта на Лондонската недела на модата.
Кога сите навистина би се прифатиле и сакале себе си и други онакви какви што се, меѓу тинејџерите не би имало меѓусебно злоставување. А кога не би било злоставување, луѓето многу полесно би можеле да се сакаат себе си – додава Каур.
Иако и натаму луѓето и упатуваат згрозени погледи и коментари, та ане обрнува премногу внимание затоа што многу луѓе ширум светот и пружиле поддршка.
Loading...