Поодна пештера, позната како „Божји очи“, една е од главните атракции во централна Бугарија. Се наоѓа на 112 километри од Софија, во близина на селото Карлуково. Долга е 262 метри.
Пештерата природно е осветлена благодарение на големите влезови и птештерските отвори вигледи – природни дупки на плафонот.

Се наоѓаат еден до друг и имаат слична форма, а наликуваат на две очи кои ги гледаат посетителите, пренесува cdm.me.

Не случајно ги нарекуваат божји, па дури и ѓаволски очи. Кога се набљудуваат од одреден агол наликуваат на лице кое гледа долу, а кога ќе паѓа дожд се добива впечаток дека плачат.

Петешрата била населена во текот на неолитот и халколитот, за што сведочат археолошки наоди.

Заштитена е со закон во 1962 година.
Неколку бугарски и странски филмови се снимани на оваа локација.
