Босанка приведена во Куманово поради питачење

Сподели со своите пријатели

Дваесет и шестгодишна државјанка на Босна и Херцеговина била приведена во Куманово под сомнение дека питачела.

Loading...

– На 08.08.2025 година во 17.00 часот полициски службеници од СВР Куманово и социјални работници презедоа мерки за сузбивање на асоцијална појава питачење Притоа, на улицата „11-ти Октомври“ во Куманово ја лишиле од слобода Б.В. (26) од Босна и Херцеговина поради сомнение за сторено кривично дело по член 201 став од Кривичниот законик, информираат од Секторот за внатрешни работи.

По документирање на случајот, како што велат од СВР Куманово, ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пет лица приведени поради тепачка во угостителски објект во Куманово

Никола Ивановски