Босанец живее со две жени: „Што е проблемот? Многумина ги кријат своите љубовнички, јас не!“

Сподели со своите пријатели

Приказната за Босанец кој живее, како што вели, во среќен брак со две жени, го обиколи регионот со брзина на светлината.

Loading...

Некои ги насмеа, а други опасно ги налути, па Елмедин Кариќ (32), маж со две сопруги, реши да им одговори на сите кои го критикуваат.

Елмедин живее во Босна, во градот Бусоваче. Има три сина со Фатима, неговата прва сопруга, а Јана, Украинка која ја запознал и во која се вљубил додека бил на привремена работа во Германија, од пред две години живее со нив.

Зборувајќи за нивната необична заедница, Елмедин рече дека една ноќ спие со една жена, другата со друга жена и дека со три деца сите живеат среќно, без кавги и несогласувања.

Но, на многумина им пречеше нивната „комбинација“.

– Некои веќе слушнале, некои не. Имам две сопруги и би сакал да им се обратам на луѓето кои ме мразат. Што точно е проблемот и зошто толку омраза? Јас и моите две сопруги се договоривме да живееме вака. Уште нешто – многу мажи имаат љубовнички, а многу жени имаат љубовници, и молчат за тоа – рече Елмедин и додаде:

„Застанав пред камера со сопругите и кажав се како што е. Не разбирам зошто има толку омраза“.

Поради двете жени, таткото на Елмедин го избркал од дома, но тоа не му пречи, па со своето неконвенционално семејство се преселил во друга куќа, која сега ја отплаќаат.

Loading...