Босанец испил малку повеќе, седнал во автобус за Холандија, па завршил во Данска

Сподели со своите пријатели

Граѓанин на Босна и Херцеговина по грешка се качил во автобус во Хамбург, кој мислел дека ќе го врати назад во Холандија, но додека под дејство на алкохол мешал автобуси, завршил во Данска.

Loading...

Според „Феникс-магазин“, во полициската станица во Фленсбург, се испоставило дека морнарот од Босна имал намера да се врати со автобус од Хамбург во Ајндховен во Холандија, каде што на тамошната автобуска станица го спакувал во автобусот својот багаж со јакната во која му останал паричникот, мобилниот, но и пасошот.

 

 

Полицијата не објасни како тој успеал да пристигне во Хамбург без лични документи, пренесува „Индекс“.

Во полициското соопштение се наведува дека во Хамбург под дејство на алкохол „еден зелен автобус бил заменет со друг зелен автобус“ кој возел кон Копенхаген.

Што направил сфатил дури на граничниот премин со Данска.

Loading...

Додека планирал да отпатува од Ајндховен за Босна и Херцеговина, полицијата ја контактирала амбасадата во Берлин и од нив добила информации за неговиот идентитет.

 

 

Амбасадата на Босна и Херцеговина во Берлин му испратила купена автобуска карта на својот 45-годишен морнар за да може да се врати од Хамбург во Ајндховен, каде му останале неговите работи.

За да се уверат дека 45-годишникот овој пат ќе се качи во вистинскиот автобус, германските полицајци го однеле до автобуската станица и со автобус го однеле до Ајндховен.