СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Х. и М.М., двајцата од Босна и Херцеговина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “затајување” и против А.П. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “помагање”, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Имено, првопријавениот и второпријавениот, вработени како возачи во друштво од БиХ, управувајќи товарно моторно возило марка „Сканиа“ со приклучно возило и влекач, со намера да се стекнат со противправна имотна корист, присвоиле туѓ подвижен предмет – сточна храна, секој по 2.000 кг или вкупно 4.000 кг.. Сточната храна им била доверена за транспорт од Копер, Р.Словенија, до Земјоделска задруга од с. Челопек, тетовско.
Пријавените со влекачите и приклучните возила на ден 17.01.2017 година, по завршување на царинските процедури на ГП Табановце, се договориле со третопријавениот за цена од по 500 евра, за секој поединечно, да му продадат по 2.000 кг или за цена од 1.000 евра да му продадат вкупно 4.000 кг. соја и според договореното наместо кон с. Челопек во Тетово, се упатиле во с. Горно Којнаре во Куманово.
Во центарот на селото ги паркирале возилата и од приколките истовариле околу 80 вреќи, кои третопријавениот ги сокрил и складирал во две гаражи на различни локации во селото, каде истите се пронајдени и одземени.