Борис Стефановски го фати крстот во црквата „Свети Никола“ во Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Дваесет и двегодишниот Борис Стефановски од Куманово го фати крстот во Соборниот храм „Свети Никола“ на празникот Водици – Богојавление.

 

 

Тој беше најсреќниот верник кој денеска прв стигна до крстот во ладните води на црковниот базен.

 

 

Тој е студен на Факултетот за физичко образование, а ова е негов седми обид да стигне до светиот крст.

 

 

– Оваа година да дипломирам, да се вработам, да работиме со дечиња, да има здравје, да не чува Господ. За мене ова е посебен ден, последните седум години скокам за светиот крст за здравје и спасение, рече Борис кој им го честиташе празникот на сите верници.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Марко Стошиќ го фати крстот во село Тромеѓа (ВИДЕО)

 

 

Стефановски од Соборниот храм, градоначалникот и верниците денеска беше даруван со подароци.

 

 

 

 

Никола Ивановски