Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, денеска ја повика Кина да „игра поконструктивна улога во решавањето на руската војна против Украина“.
Тој додаде дека Кина треба да престане со дезинформациите за причините и „погубните глобални економски последици од рускиот напад“.
Борељ на Твитер објави дека за тоа разговарал со кинескиот државен советник и министер за надворешни работи Ванг Ји.
Тој изјави и дека со шефот на кинеската дипломатија разговарал за односите меѓу Европската унија и Кина.
Discussed w/ Chinese State Councillor/FM Wang Yi EU-China relations.
Called on China to play more constructive role in addressing Russia’s war against Ukraine and stopping disinformation on what are the causes and the disastrous global economic consequences of Russia’s attack. pic.twitter.com/ORAQ1F5zx0
— Josep Borrell Fontelles (@JosepBorrellF) July 7, 2022