Европската унија ќе им помогне на земјите од Западен Балкан да ја надминат економската криза предизвикана од војната во Украина, изјави денеска во Тирана шефот на европската дипломатија Јосеп Борељ.
Пред Албанија, Борељ беше во посета на Северна Македонија, а утре ќе отпатува за БиХ.
За време на посетата на Албанија, тој се сретна со премиерот на земјата, Еди Рама и други официјални претставници и повтори дека „ова е време за заживување на процесот на проширување и цврсто закотвување на Западен Балкан во ЕУ“.
Тој ја осуди руската „брутална агресија“ во Украина, додавајќи дека Русија ја користи меѓузависноста на светската економија како воено оружје.
Последиците од војната, вклучително и повисоките цени на енергијата, ги погодија и посиромашните земји како што е Западен Балкан.
30.000 војници на најголемата вежба на НАТО на Арктикот во последните 30 години, Русија бесна
Тој додаде дека ЕУ ќе отвори „финансиски капацитети“ со цел да одговори на економската криза предизвикана од војната.
Ваквиот инвестициски план би мобилизирал невидени ресурси за диверзификација на снабдувањето со енергија, намалување на зависноста, зајакнување на регионалната соработка, изградба на инфраструктура и создавање работни места.
Тој посочи дека во овој момент е клучно да се изолира Русија, да се зададе удар на нејзината економија и да се обезбеди поддршка за народот на Украина.
Украинските власти: Во вчерашниот напад на ТВ кулата загинаа 19 лица
Земјите од Западен Балкан се во различни фази на европска интеграција.
Србија и Црна Гора водат преговори за членство, додека Албанија и Северна Македонија сѐ уште не ги започнале преговорите поради блокадата на Софија.
БиХ и Косово се само на почетокот на процесот.