Министрите за надворешни работи на Европската унија не можат да бидат сигурни дека денеска ќе биде постигнат договор за нафтено ембарго кон Русија, изјави шефот на дипломатијата на ЕУ, Јосеп Борељ.
Тој објасни дека има „цврсти позиции на некои земји-членки“, пренесува Ројтерс.
Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ денеска ќе се сретнат во Брисел на редовниот Совет на ЕУ во мај, а прва точка на дневниот ред на состанокот ќе биде размена на мислења за Западен Балкан и влијанието на војната во Украина врз тој регион.
Се очекува и дискусија за воведување ембарго за увоз на руска нафта поради рускиот напад во Украина.
Австрија очекува во наредните денови Европската унија да постигне договор за шестиот пакет санкции против Русија, изјави денеска министерот за надворешни работи на таа земја Александар Шаленберг.
Шведска испраќа свои дипломати во Турција за да разговараат за членството во НАТО
„Убеден сум дека во наредните денови ќе можеме да се договориме за шестиот пакет санкции“, изјави Шаленберг за новинарите по пристигнувањето во Брисел, на состанокот со колегите од ЕУ, пренесува Ројтерс.
По пристигнувањето во Брисел, литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис изјави дека плановите на Европската унија да воведе ембарго на нафта кон Русија ги блокира само една од 27-те членки на блокот, а според европските дипломати тоа е Унгарија.
Шаленберг рече дека е јасно дека сè уште има потреба од дискусија, но изрази уверување дека ЕУ треба да се залага овие дискусии да се одржат таму каде што им е местото, во Советот на ЕУ, за да не се испрати порака до јавноста за несогласување бидејќи , како што рече, „Русија нѐ гледа“.
Естонија: Шведското и финското членство во НАТО ќе ја зголеми безбедноста на Балтикот
Ландсбергис денеска изјави дека плановите на Европската унија да воведе ембарго на нафтата кон Русија ги блокира само една од 27-те членки на блокот.
„Целиот синдикат е заложник на една земја-членка. Мораме да се договориме, не можеме да бидеме заложници“, рече тој по пристигнувањето на состанокот со неговите колеги.
Европските дипломати потврдија дека Унгарија е земјата на која мислел Ландсбергис.