Неопходно е да ѝ се помогне на Украина, но и да се избегне ескалација и влегување во војна со Русија, бидејќи во тој случај би започнала Третата светска војна, изјави шефот на дипломатијата на Европската унија, Џосеп Борељ.
„Едно е јасно: неопходно е да и се помогне на Украина што е можно повеќе, но и да се избегне ескалација на војната. Треба да спречиме војната да се прошири во други земји и да војуваме со Русија. Тоа би била Трета светска војна“, изјави Борељ во интервју за француското радио „Франс инфо“.
Руската армија досега уништила повеќе од 2.900 украински воени објекти во Украина
На 24 февруари Русија започна воена интервенција, како што вели за „демилитаризација и денацификација на Украина“, како и „заштита на луѓето кои осум години беа изложени на малтретирање и геноцид од режимот во Киев“.