Борел: Згрозен сум од уште еден масакр во Газа

Сподели со своите пријатели

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Јосеп Борел, денеска изјави дека е „згрозен од веста за уште еден масакр“ на северот на Газа во кој загинаа Палестинците кои чекаа ред за храна.

Loading...

„Згрозен сум од веста за уште еден масакр на цивили во Газа кои очајно бараат хуманитарна помош. Овие смртни случаи се целосно неприфатливи“, напиша Борел на социјалната мрежа Х.

Тој додаде дека лишувањето на луѓето од храна е „сериозно кршење на меѓународното хуманитарно право“.

„Мора да се овозможи непречен хуманитарен пристап до Газа“, рече Борељ.

Претходно денеска, повеќе од 100 луѓе загинаа, а повеќе од 700 беа повредени кога израелската армија отвори оган врз Палестинците кои чекаа ред за храна, соопшти Хамас.

Од друга страна, израелските власти тврдат дека големиот број жртви е резултат на стампедо, а не на напад на израелската армија.

ИДФ, сепак, призна дека нејзините припадници пукале во некои Палестинци кои се движеле кон војниците и тенкот на контролниот пункт.